По државниот обвинител и ОЈО за гонење на организиран криминал

Обвинителот Паноски ги демантира наводите на „Ла верита“, вели не дал таков исказ пред Јовески

Обвинителот Наум Паноски ги демантира наводите кои вчера се појавија во италијанскиот весник „Ла верита", а во кои се споменува и името на обвинителот од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, како лице кое самоиницијативно, борејќи се со сопствената совест, во август му ги раскажал фактите што наводно ги знаел на државниот обвинител.

Обвинителот Пановски за МКД.мк вели дека ниту дал такот исказ, ниту пак тврдењата на „Ла верита"  одговараат со фактите.

„Ниту сум дал таков исказ пред обвинителот Љубомир Јовески, ниту Вилма Русковска била основен јавен обвинител на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во периодот кога беа блокирани и деблокирани посочените средства, ниту по нечија наредба биле одмрзнати за 48 часа, напротив без блокирани неколку месеци. Рускоска беше избрана за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 14-ти ноември 2018 година", изјави обвинителот Паноски.

Тој во јавноста е познат по застапување на големиот предмет за постапката за Диво Насеље во која постапуваше заедно со сегашната шефица на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. 

Вчера „Ла верита" објави дека премиерот Зоран Заев барал од Русковска да се одблокираат 750 илјади евра од Силјан Мицевски и дека за ова знаел и обвинтелот Паноски кој, пак, дал изјава пред државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Наводите на „Ла верита" вчера ги демантираше и Јовески, а демант испратија и од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

К.Д.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе