На предлог на обвинетиот Бетмен

И „Ноќните волци“ сведоци на судењето за 27 април

Како сведок на денешното рочиште з 27 април, на предлог на обвинетиот Богдан Илиевски Бетмен се појави и Томислав Јовановски, син на познатиот моторџија Ленин Јовановски и член на мото клубот „Ноќни волци“. 

Пред судот сведокот Јовановски рече дека мото клубот „Ноќни волци“ двапати пред 27 април ја предводеле групата која протестирала и дека тоа го направиле по своја волја и без притисоци. Оваа група, како што кажа сведокот, била против „тиранската платформа“, а на протестот кој го предводеле, учествувале, како што рече, културни луѓе и лица на возраст од 4 години, меѓу кои и неговата сестра, па сѐ до 70 години.

„Бевме против ‘тиранската платформа‘. Двапати го предводевме протестот на кој немаше инциденти и сѐ беше мирно. Таму беше и мојата сестра која имаше 4 години. Сигурно немаше да ја носам нејзе ако видам дека таму има некакво насилство или злосторство“, сведочеше синот на моторџијата Јовановски.

За настаните од 27 април сведокот пред судот кратко зборуваше и посочи дека тој ден го барал Богдан Илиевски и кога го видел рече дека бил исплашен, збунет и испотен. На средбата која што ја имал пред Собранието со обвинетиот Илиевски, сведокот рече дека тој му кажал една реченица, односно: „Само те молам немој да влегуваш во Собрание“.

Претходно на пултот за сведоци зборуваше отец Пимен, кој исто како Јовановски се појави пред судот на предлог на одбраната на обвинетиот Богдан Јовановски-Бетмен.

К.Д.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе