Поради смена на судијата-поротник

И „Монструм“ почна одново, но само формално

И судењето за случајот „Монструм“ поради смена на поротничката денес почна од почеток, но само формално бидејќи одбраната се согласи да не се чита одново обвинението и повторно да не се изведуваат доказите. Овој судски процес за 5 минути продолжи таму каде што и претходно застана.

Смена има и во одбраната на бегалците Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, на кои им е назначен адвокат по службена должност, Милица Гроздановска.Овие двајца обвинети претходно ги застапуваше адвокатот Насер Рауфи. 

Една од поротничките, која беше и во судечкиот совет за "ТНТ" си даде оставка, а одново денес ќе почне и ова судење. 

На местото на поротничката е назначена нова, а заменета е и уште една поротничка, бидејќи и неа истекува мандатот. Судот обезбеди и резервна поротничка.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе