И семејни разговори меѓу доказите

И мама Нада Груевска била „вклучена“ во истрагата за „Монструм“

Во доказите за Монструм има и разговор помеѓу мајката на Никола Груевски, Нада Груевска, и братот на Сашо Мијалков, Влатко Мијалков, од 13 април 2012 година околу 16 часот. Во оваа комуникација мајката на Груевски го информира Влатко Мијалков дека немало никакви траги, дека се слушнала со Гордана Јанкулоска, дека му пратила нешто и на Сашо, ама не можела да му каже по телефон. На ова Влатко ѝ вели дека таа и тој се „далеку од сѐ“.

Во разговорот кој го водат зборуваат и нагаѓаат што биле момчињата, односно дали биле само „наркоманчиња“, како што ги нарекува Мијалков, или пак, рибари, како што нагаѓа Нада Груевска. Според мајката на Груевски, извршеното петкратно убиство било професионално, а Влатко Мијалков надополнува дека тоа што било извршено токму пред Велигден било порака.

Еве дел од разговорот:

Нада: Нема никакви траги. Ми се јави мене Гордана, му пратив јас нешто и на Сашо, не можам да ти кажам сега за тоа по телефон, нешто како мој став, моја изјава, нека го видат, не мора да го земат предвид.

Влатко: Тето, јас и ти сме далеку од сѐ. А бе да не биле наркоманчиња, ако биле, тогаш јасна е работава.

Нада: Рибари да не се?

Влатко: Не се рибари. Со калашников ли се убиени?

Нада: Не прашав, знаеш Никола многу не збори.

Влатко: Ова пред Велигден е со порака.

Нада: Ова е професионално, гледаш таму во трски биле убиени. Треба да се сработи, народот чека.

Влатко: Тето, нема совршено убиство, сигурно нешто оставиле, а народот мирно си спие.

Во продолжение има и разговор за семејни подготовки околу празникот и во него мајката на Груевски му кажува на внукот дека била во црква, запалила свеќа за Никола и за другите, „сѐ е запалено“.

Пред овој разговор, додека судијата Огнен Ставрев ги читаше телефонските броеви и имињата на соговорниците, обвинителката Фатиме Фетаи појасни дека Нада Груевска е всушност „мама Нада“.

Во продолжение беше пуштен и разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и тогашниот портпарол на МВР, Иво Котевски, воден неколку дена по убиството. Во разговорот тие зборуваат за прилог на вести на некоја телевизија, а Јанкулоска го прашува Котевски што точно било објавено и дали некој им одобрил тоа да го објават. Котевски ѝ реферира дека, според објавен прилог на вестите, излегувало дека МВР на вести прави циркус, а вака ништо не работи и не ги наоѓа сторителите на убиството, по што се договараат да одржат прес-конференција на која ќе кажат дека се работи, ама дека нема ништо, за, како што вели Котевски, „новинарите да не досаѓаат“.

К.Д.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе