Јавна опомена за Илија Димовски

И кај свети апостол Павле да нѐ зачленуваат, нема веќе одложување на „Талир"

На денешното рочиште за случајот „Талир", судијата Осман Шабани на обвинетиот пратеник Илија Димовски му изрече јавна опомена. Опомената за Димовски му беше порачана во отсуство бидејќи не беше присутен на денешното рочиште, а не го известил судот за причината.

Судијата Шабани, кој ја води оваа постапка, пред присутните гласно и на висок тон рече дека денеска е последен пат да дозволи одложување на рочиштето за „Талир“ и  укажа Димовски да заборави за ново одлагање.

„Ова е последен пат да дозволам одложување на овој предмет. Максимално сум коректен, ама гледам дека ова се злоупотребува. Да му пренесете на Илија Димовски да заборави на одложувања во иднина. Додека сум јас жив, овој предмет повеќе нема да се одложува, само во случај ако некој, не дај боже е во болница. И нечленство во ЕУ, нечленство во НАТО и кај Свети апостол Павле да нѐ зачленуваат нема да дозволам одложување“, рече пред присутните судијата Шабани.

Тој појасни дека претседателот на Собранието Талат Џаафери испратил поднесок со кој го известил судот дека Илија Димовски поради присуство на настан во Собрание, на 24 октомври не присуствувал судот. Но, овој поднесок се однесувал за предметот „Титаник“, кој исто така го води овој судија. Но, ниту Џафери, ни Димовски денеска не го известиле судијата за отсуство на овој обвинет во постапката за „Талир“.

По јавната опомена за Димовски следното рочиште е закажано за 13 декември.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.

К.Д.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе