Рочиште за „27 април“

Груевски му препраќал пораки на Вељаноски од Чавков дека се подготвува нешто за во Собрание

Поранешниот премиер Никола Груевски од тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност на МВР, Митко Чавков бил информирам преку вибер порака дека се подготвува нешто за во Собранието на 27 април, 2017 година, покажуваат пораките што денес на судењето за упадот во Собранието ги презентираше обвинителката Вилма Русковска.

Груевски му испраќа порака на Трајко Вељаноски ден пред упадот во Собранието во која, според содржината му препраќа порака од Чавков. Груевски му ја испраќа на Вељаноски следнава порака: „Од Чавков: „Добро утро директоре. Да ве известам, во моментов добив информација од лојален колега Албанец дека денес околу 13-13.30 часот се планира нешто од „другава страна" да се направи во собрание, дали инцидент, дали со сила изгласување на претседател на собранието или нешто слично на тоа. Во моментов немам поконкретни информации освен ова, ако добијам веднаш ќе ве барам." Од повеќе извори - информации во тој правец."

Оваа порака, според обвинителката Рускоска е испратена на 26 април 2017 година во 10:58 часот. Груевски не е меѓу обвинетите за настаните, а обвинителката Рускоска во септември изјави дека нема да го повика да биде сведок оти не бил во Македонија. На денот на упадот во Собранието, Груевски во 16:04 му пратил на Вељаноски порака со содржина: „Од Панче Кралев, од ДУИ информација од човек што дојде од состанок со Талат, денес за попладне во 17 се спрема избор на Талат по иницијатива на СДС". Претходно на рочиштето беше презентирана уште една порака која Вељаноски му ја испратил на Груевски.

К.Д.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе