Tри години по бегството

Груевски регистрирал фирма во Пецел, мало гратче во близина на Будимпешта

И.Ц.И.Ц. (I.C.I.C.) e името на фирмата на Никола Груевски неодамна регистрирана во малото гратче Пецел, на дваесетина километри од Будимпешта, Унгарија. Фирмата е регистрирана со широка деловна активност во најмалку 10 различни сектори, јавува редакцијата на македонски јазик Дојче веле која го поседува изводот од Централниот регистар за оваа фирма.

Груевски одлучил во регистрацијата на фирмата да ја наведе адресата на неговиот адвокат во Будимпешта, јави Дојче веле.

Никола Груевски е поранешен премиер на Македонија кој е веќе три години во бегство. Македонија бара негова екстрадиција за издржување затворска казна и за судење во повеќе кривични предмети.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе