Завршни зборови на Обвинителството за „27 април“

Груевски пред „крвавиот четврток“ наредил народот да не седи дома во папучи и да ја земе судбината во свои раце

Случајот со организаторите на настаните за „27 април" денес влезе во завршна фаза и со завршни зборови почна прво обвинителката Вилма Русковска. Таа направи измени во изреката на обвинителниот акт и пред завршниот збор го цитираше обвинителниот акт.

Обвинителката Русковска цитираше пораки од поранешниот премир Никола Груевски кој е во бегство и ги посочи дејствијата кои ги презеле сите обвинети, како и дел од осудените во претходната постапка на судењето за настаните од „27 април“.

„Во почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање на влада, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски, Никола Груевски изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок со акти на насилство за примопредавање на власта и организирале протести и постојано го намалување бројот на полициски службеници. Презеле мерки за да се изврши непречено влегување во Собранието, ангажирале лица за да извршат насилство. Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги повикал граѓаните на протести организирани и ги повикал граѓаните со зборовите „народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“. Вељаноски требало да оневозможи избор на претседател на Собранието, Јанакиески и Ристовски непосредно и секојдневно ги организирање протестите, Владимир Атанасовски и Никола Бошкоски кој е недостапен, а тогаш бил вработен во УБК, ги мобилизирале и координирале членовите на групата предводени од Кољо И Нинџа“, рече обвинителката Русковска.

Според обвинителниот акт кој таа го презентираше поради измените пред да даде завршен збор, сега осудените Нинџа и Кољо одржувале постајани средби во кафе бар Аристократ чиј сопственик бил Нинџа, правеле молотови коктели, ги координирале и водачите на патриотските здруженија со цел по секоја цена да се спречи мирното предавање на власта.

„Митко Чавков, директор на БЈБ и носител на златна команда, постојано го намалувал бројот на полицајци и преземал мерки полицијата да не реагира ако дојде до нереди. Груевски ги координирал работите, се договарала рутата и се праќале пораки до Изборните единици на ВРМО-ДПМНЕ. Благоја Василевски , обезбедување на Груевски бил во Виена со Груевски и контактирал со брат му Нинџа, а тој пак, потоа со Кољо ги контактирале Ченто, Игор Југ, Младен Додевски... го мобилизирале членството од Скопје и други градови за да извршат насилен упад , однапред знаејќи дека Законодавниот дом не бил доволно обезбеден со полиција, а Вељаноски му испратил порака на Груевски: ‘Да ве информирам дека Заев имаше прес и процедурално на седница најави дека ќе се избере претседател на Собрание‘. Груевски му пратил порака на Трајко дека од Панче Кралев од ДУИ, имало информација од човек што дојде од состанок со Талат, денес се спрема избор на Талат за претседател на Собрание“, рече Русковска.

Според Обвинителството, Трајко му дал преку ред збор на Зекирија Ибраими и не го спречил да ја испее албанската химна.

„Се започнува со избор на претседател, а Мукоски добил упатства да застане пред тој што чита, масата народ се упатува кон вратите на Собранието, па Мукоски и Сашо Василевски ги отвориле вратите и ѝ овозможиле на толпата да влезе во Собранието. Лицата кои биле ангажирани да вршат насилство напаѓале. Јанакиески и Ристовски давале насоки и праќале пораки со зборовите: Појачајте од секаде до максимум. Одете во сала, таму е Заев“, посочи Русковска.

Таа додаде дека имало лица ангажирани да ги извадат хард-дисковите за да се прикријат трагите, а било дадено и автоматско оружје и панцири кое требало да се подели по демонстрантите кои знаеле да ракуваат со оружје.

Со тешки телесни повреди, според Русковска тешко повредени биле Зијадин Села, Љупчо Николовски и Радмила Шекеринска.

Русковска посочи дека Обвинителството докажало дека обвинетите кои седат во судница ги сториле кривичните дела кои им се ставаат на товар.

„Се сослушаа голем број докази, сведоци, секој од обвинетите имал своја улога како пред, така и на ‘крвавиот четврток‘. Вељаноски по секоја цена требало да спречи избор на претседател на Собранието. Ристовски и Јанакиески да организираат протести, да се спречи избор на претседател, а Атанасовски требало да реагира ако се укаже за потребно да се спречи изборот на претседател на Собранието“, додаде Русковска.

Во случајот обвинети се експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се обвинети за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Претходно, за упадот во Собранието на 27 април 2017 година беа осудени 16 обвинети. Првично беа обвинети 33 лица кои се гонеа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок. Од нив, 15 беа амнестирани со Закон во Собранието.

Судењето е во тек во Основниот кривичен суд во Скопје, а судењето го води судијата Илија Трпков и судијката Дијана Груевска-Илиевска. 

 К.Д.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе