Реакција

Груевски по пресудата за „Насилство во Центар“: Нема правда во Македонија, политичкиот прогон продолжува

Нема правда во Македонија. Неправдите растат секојдневно. Ги има многу и се повеќе, а дел од нив е и политичкиот прогон кој не запре и оваа есен доби нова динамика, реагира Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој е во бегство, по денешната пресуда во случајот „Насилство во Центар". Груевски денеска доби затворска казна од 1,5 години.

„За денеска Заев порачал луѓето во фабрикуваниот предмет 'Протести во општината Центар' да бидат прогласени за виновни и да се доделат затворски казни од судијата. За тие кои најмногу лично ги мрази - ефективни, за оние кои му се помалку важни - условни. Исто како што вчера истиот нарача Гордана Јанкуловска во незаконска постапка да ја спроведат во затвор по претходно брутално извршениот притисокот од негова страна до врховните судии да го потврди обвинението, кое претходно на ист начин го потврди апелацискиот суд.

Како што јавно беше кажано уште во 2018 година дека ѝ е ветено унапредување во Уставниот суд, пристигна и наградата за извршителот Добрила Кацарска во овој нечесен начин на мафијашко владеење во кој ист човек е шеф на владата, но истовремено и на судот, обвинителството како и на поголем дел од медиумите.

При нарачката за денешната пресуда воопшто не му грижа што неговото обвинителство немаше ниту еден елементарен доказ дека обвинетите ниту реално нарачале, ниту организирале ниту се случило насилство. Ниту му е грижа што судијата беше принуден да не прифати ниту еден сведок предложен од мене додека бев во Македонија, или подоцна од адвокатот кој судот ми го назначи по службена должност. Ниту еден! А на обвинителството сите до еден сведоци се прифатија. Најголемото обвинување од сведоците, кои беа всушност советниците на општината Центар од СДСМ од тоа време, беше дека не ме виделе таму ама го чуствувале мојот дух. Чуствувале дух!...

...Но, ќе дојде ден кога правдата ќе победи и сите учесници во овие гнасни дела ќе се загрижат, вклучително и судиите... Законот е јасен и предвидува и разрешување на судија за неприменување на одлуките на Стразбур и кривична одговорност во случаи на незаконски одлуки. Судија не е судија за да се плаши и да извршува политички наредби, кршејќи закон, туку да покаже интегритет и да не носи противзаконски одлуки... И конечно и политичарите кои учествуваат во овие злодела еден ден прилично ќе се загрижат.

Во меѓувреме 'големиот шеф' нека живее во сонот на семоќниот Супермен“, напиша на својот фејсбук-профил Никола Груевски.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе