Груевски осуден на 7 години затвор за „Плацеви на Водно“, Мијалков доби 1 година и 3 месеци

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на единствена казна затвор во траење од 7 години и парична казна од 3.500 евра за случајот „Плацеви на Водно“. Неговиот братучед и поранешен прв човек на УБК, Сашо Мијалков, доби една години и три месеци затвор. На казна од една година затвор, е осуден бизнисменот Орце Камчев , а кумот на Груевски, Ристо Новачевски, е осуден на условна казна затвор од две години.

Меѓу обвинетите е Ненад Јосифовиќ кој доби условна казна од две години, како и Ратка Камчева, која се ослободува од вина, бидејќи за неа кривичното дело е застарено.

Судијата Илија Трпко врече дека очекувал признание од обвинетите.

„Очекував извинување од обвинетите до македонската јавноста. За да го реализира својот план на тогашниот премиер Никола Груевски му биле потребни средства. Тој решил да ги присвои партиските донации, кои требало да и служат на партијата, истакна судијата Трпков, додавајќи дека во оваа насока посведочиле и блиските соработници на Груевски, како Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер. Се докажа и виде како се земале парите на искрените поддржувачи на партијата и оние кои биле уценети да дадат пари за партијата. Затоа очекував признание и извинување од обвинетите“, нагласи судијата Трпков. 

Пресудата не е правосилна и против неа е дозволена жалба во рок од 15 дена до Апелацискиот суд Скопје. Според обвинението, обвинетиот Никола Груевски, во периодот од 2006 до 2012 година, присвоил 1,3 милиони евра, како дел од парите што биле давани како донации за финансирање на партијата и не ги прикажал како примени донации. Во обвинението за Груевски се вели дека во средината на 2012, тој дознава дека физички лица кои се иселени од државата преку посредници продаваат земјиште од околу 11.000 квадратни метри на Водно и бара од Мијалков да му помогне да го купи ова земјиште, ама да се прикрие изворот на парите.

Мијалков, според обвинението, стапува во контакт со обвинетиот Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе и се договорил оваа фирма да биде основач на домашна фирма која ќе биде употребена за да се купи земјиштето. На домашната фирма, управител станува Ристо Новачевски, кум од првиот брак на Груевски.

Откако била постигната согласност за купопродажната цена, според обвинението, во повеќе наврати на девизната сметка на скопската фирма, преку сметката на фирмата од Белизе парите се пуштаат во оптек, а Новачевски во својство на управител на фирмата со сопствениците на земјиштето потпишува договор за купопродажба за купување на шума со површина од 11.255 квадратни метри и за тоа плаќа 1,2 милиони евра.

Во 2015 година се менува ГУП на Град Скопје, овие парцели се пренаменуваат во градежни, а и уделот на фирмата од Белизе се пренесува на име на Јордан Камчев и неговата мајка, Ратка Камчева, а плацовите се делат на три дела.

Освен ова, Груевски, според обвинението, како службено лице со намера да го прикрие имотот со кој се стекнал додека вршел државна функција, а кој ги надминува неговите приходи пријавени во анкетниот лист, дал непотполни податоци за недвижниот имот што го поседува, а фиктивно се водел на обвинетиот Новачевски. Па така, тој во анкетниот лист за имотната состојба не пријавил два стана во Скопје со површина од 38 и од 57 квадратни метри, градежно земјиште во Центар во Скопје со површина од 2.729 квадратни метри и две градежни парцели во Крушево.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе