За „Талир 2 “

Груевски немал адвокат, ќе добие по службена должност

Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето за случајот „Талир 2“. Причина за одложување на судењето беше тоа што обвинетиот бегалец Никола Груевски немаше адвокат, па судот треба да му назначи бранител по службена должност. Овој судски процес се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговиот досегашен правен затапник, Дончно Наков, и на претходното рочиште зборуваше дека нема полномошно.

Тој рече дека полномошното кое тој го има од неговиот клиент се однесува за предмет на СЈО кој се води под друг број во обвинителството, во кој има специјални докази и специјална надлежност, па побара прво да добие согласност од Груевски дали може да го застапува сега кога предметот е префрлен во скопското обвинителство и е заведен под нов број.

Обвинет во овој случај, покрај Никола Груевски, е и Кирил Божиновски.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе