Поради застареност на кривичното дело

Груевски куртули од „Траекторија“, трошоците за судењето ќе му ги плати државата

Настапила апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија" за кинеските автопат, констатираше денес судијата во овој предмет. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата, односно како што беше нагласено на рочиштето, трошоците ќе паднат на товар на Буџетот. 

Неговиот адвокат по службена должност Горан Кркински поднел барање во кое констатирал застареност на случајот за Груевски, со оглед дека се истечени шест години од времето кога е сторено кривичното дело, според обвинението на СЈО. 

Оваа постапка ја води обвинителката Лиле Стефанова која по ваквата одлука на судот не сакаше да коментира за застареноста на постапката против Груевски. 

Денешното рочиште за „Траекторија“ не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.

Груевски во „Траекторија“ беше обвинет дека примал награда за пртотив-законско влијание.

По ваквата одлука на судот, судењето ќе продолжи против поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.

Според обвинението, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и ги пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра. 

Обвинителниот акт за оој предмет е поднесе на ден 29 јуни 2017 година против 3 лица со иницијали Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување" од член 353 став 5 в.в. со став 1 и член 22 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според законот за ова кривично дело е предвидена затворска казна од најмалку 4 години. 

Според Кривичниот закон, ако делото од став 1 е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

За Груевски беше поднесен обвинителен предлог за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание" од член 359 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе