Груевски ќе биде отсутен и на денешното судење за насилството во општина Центар

За денес во Основниот суд Скопје 1 е закажано продолжение на судскиот процес за случајот со насилството во општина Центар. Во овој предмет во кој постапува СЈО обвинет е и избеганиот поранешен премиер, осудениот Никола Груевски.

Денес судот треба да одлучи што во иднина ќе се случува со овој предмет во кој се обвинети уште неколку лица, со оглед дека за Груевски е распишана меѓународна потерница.

Судот до пред два дена не беше известен за тоа дали Груевски е достапен на органите на прогонот, па судијата Осман Шабани кој постапува во случајот „Титаник“ во кој е обвинет и Груевски, рече дека ќе побара известување на достапноста на експремиерот, па ќе одлучи дали ќе му суди во отсуство.

Одлука за отсуството на Груевски треба да донесат и судиите во случајот со насилството во општина Центар. Овој предмет стаса до доказна фаза и на последните неколку рочишта се сослушуваа сведоци.

К.Д.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе