Нова истрага на СЈО

Груевски, Јанакиески и Јакимовски продале плацеви во Карпош за 71 денар за квадрат на наместен тендер

Поранешниот премиер Никола Груевски, заедно со поранешниот министер за транспорт Миле Јакимовски и екс градоначалникот на скопската општина Стефчо Јакимовски на турскиот приватен Балкански универзитет му овозможиле купување на земјиште за 71 денар заквадратен метар со што сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Специјалното јавно обвинителство овој случај го крсти „Хармонија“.

Во 2012 година Груевски, Јанакиевски и Јакимовски на Балканскиот универзитет Скопје му овозможиле да купат две градежни парцели на атрактивно земјиште во северниот дел на касарната Илинден вредно 385.868 eвра. Земјата била купена за по 71 денар за квадрат, а почетната цена била 1.400 денари за еден квадратен метар, пишува во информацијата на СЈО.

„Груевски на седница на Владата издејствувал измена на уредбата која се однесува на продажба на државното земјиште, со што била утврдена почетна цена од 61 денар по м2 за јавно наддавање. Јанакиески, во договор со Груевски, испратил допис до Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, да спроведе постапка за оттуѓување на споменатите парцели по пат електронско наддавање.

Со цел да се минимизира можноста за учество и на други правни субјекти во наддавањето, Груевски предвидел дополнителен посебен услов – учесниците освен акредитација за високо образование, да приложат и несразмерно висока гаранција од 100.000 евра по парцела“.

Балкански универзитет се пријавува на наддавањето кон крајот на мај, но комисијата утврдила и по електрански пат го известила универзитетот дека документацијата не е комплетна и дека не може да учествува, велат од СЈО.

„Во договор меѓу Миле Јанакиески и Стевчо Јакимовски, градоначалникот некомплетните документи му ги вратил на претставник од универзитетот, по што употребувајќи ја својата службена положба побарал од комисијата повторно да ги прими назад, сега веќе комплетните документи и да му допуштат да учествува на електронската аукција.

На тој начин Јакимовски му овозможил на правниот субјект како единствен учесник на аукцијата да се стекне со две парцели по цена од само 71 денар по м2, со што му овозможиле на Универзитетот да се стекне со значителна имотна корист во износ од 23.730.912 денари, односно 385.868 eвра“.

Според СЈО, и во ноември 2013 година Груевски и Јанакиески на Балкански универзитет повторно му овозможиле противправна имотна корист, во износ од 15.951.237,00 денари односно 259.370 евра, а на штета на буџетите на град Скопје и општина Карпош овозможувајќи им незаконски да платат 50 отсто пониска цена за комуналии за изградба на објект на споменатите две парцели.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе