Против него се водат постапки за случаите „Титаник", „Талир" 1 и „Талир 2", а застаре случајот „Траекторија".
„За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,односно за сите постапки за кои е распишана потерница.Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал. Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција", соопштија од Министерството за правда.
Неодамна Груевски регистрираше фирма во Будимпешта. И.Ц.И.Ц. (I.C.I.C.) e името на фирмата на Груевски регистрирана во малото гратче Пецел, на дваесетина километри од Будимпешта, Унгарија. Фирмата е регистрирана со широка деловна активност во најмалку 10 различни сектори.
Груевски одлучил во регистрацијата на фирмата да ја наведе адресата на неговиот адвокат во Будимпешта.
Никој до сега не понесе одговорност, ниту пак против некого беше отворена истрага за бегството на Груевски.
К.Д.