„Се сеќавам дека во повеќе наврати зборувавме за тоа кој каде би сакал да живее по завршување на мандатот. Му велев дека цел живот живеам во стан и не би менувал. Но тој и покрај тоа што исто така живееше во стан, рече дека сака да живее во куќа, рече Протоѓер.
Тој рече дека Груевски му кажал дека сака да живее во Сопиште.
„Често пати зборувавме и за локации, која е најдобра за живеење. Лекарите заради некои хронични состојби му препорачуваа да живее на повисоко место. Беше некако запнат за локација како Сопиште итн. Сакаше да живее во куќа, мислеше дека така ќе најде мир. Мене ми беше невообичаено бидејќи околу 2012 година ми спомна дека земал некое земјиште од 10.000 квадрати некаде на Водно. За волја на вистината, за други детали не сме разговарале. Тој беше таков човек, сакаше да беше внимателен, претпазлив и ако не сака да каже нешто не кажуваше“, рече Протоѓер.
Тој додаде дека и покрај тоа Груевски продолжил да зборува за Сопиште.
„Посебно зборувавме во 2015 година кога сакав да го продадам станот, а тој повторно ја врати темата за Сопиште, како да не се случило тоа за земјиштето во Водно, повеќе не спомена,“ рече сведокот.