Германците ја изготвија студијата за уставна жалба

Граѓаните ќе можат да тужат и во Уставниот суд

Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) денеска во Уставниот суд ја донесе Студијата за воведување на уставна жалба во во која се пренесени искуствата од Уставниот суд во Сојузна Република Германија. Со ова граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност да се жалат до судот за сите уставно-загарантирани права а не како што беше ограничено досега. Македонија е една од ретките држави кои немаат воведено уставна жалба или како што се нарекува во некои земји- уставна тужба.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска на средбата со претставници на ИРЗ рече дека Македонија е една од ретките држави кои немаат воведено уставна жалба

„Тоа ќе значи проширени надлежности на Уставниот суд, граѓаните ќе можат за секое уставно загарантирано право да поднесат барање, ќе им се овозможи да се жалат на уште едно место во матичната држава, пред да се изложат на трошоци во судот во Стразбур. Сега граѓаните се ограничени само да се жалат за права кои произлегуваат од членот 110 алинеја 3 од Уставот," рече Кацарска.

За сега граѓаните пред Уставниот суд можат да се жалат само на три групи слободи и права а тоа се: слободата на мислата, уверувањето и јавното изразување, политичкото здружување и дејствување како и по однос на пол, раса, верска, национална, совијална и политичка припадност.

Претставниците на германската фондација потенцираа дека проектот е одобрен од министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Тие изразија загриженост за состојбата во која се наоѓа Уставниот суд со непополнувањето на судиските места, бидејќи се закочени важни прашања за граѓаните, како што е на пример воведувањето на уставната жалба.

По пополнувањето на судиските места во Уставниот суд, со поддршка на ИРЗ планирано е да се организираат дебати со вклучување на регионални експерти и да почне поинтензивна кампања за подигнување на свеста кај сите општествени чинители и кај граѓаните, за важноста од воведување на уставна жалба во Република Македонија.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе