Скопско јавно обвинителство

Глоба од 5.000 евра за управителот на „Интермецо“ за отстранување на пломбата од локалот

Скопското јавно обвинителство му предложи на Основниот кривичен суд да издаде казнен налог од 5.000 евра за управителот на кафе-барот „Интермецо“ поради отстранување на пломбата за забрана за вршење угостителска дејност во рок од 30 дена поради гласна музика.

„Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улица ‘Митрополит Теодосиј Гологанов‘, симнал службен знак поставен од страна на овластено службено лице – инспектор за животна средина од Општина Центар. Знакот бил поставен заради осигурување на објектот, а врз основа на донесено Решение за забрана за вршење угостителска дејност во рок од 30 дена, откако со мерења било утврдено дека угостителскиот објект емитувал ниво на бучава над пропишаните гранични вредности. Обвинетиот го отстранил службениот знак за запечатување на локалот, влегол во објектот и продолжил со вршење на дејноста, информираат од ЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Судот за обвинетото лице да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 50 евра во денарска противвредност.

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе