Отворен повик до Јавното обвинителство

Героски: Министер од актуелната Влада потврди дека бев следен, Јавното обвинителство молчи

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, пишува во денешниот фејсбук статус новинарот Бранко Героски.

После неговите текстови за скандалите со случаите Рекет и Рекет 1, Героски јавно објави дека е следен, дека поседува докази за тоа и дека веќе поднел пријава. За жал, до денеска, Героски на оваа негова пријава нема никаков одговор.  

„Спомнатото лице извршило физичко следење меѓу мене и министер во актуелната влада, следење за коешто спомнатиот министер лично ме извести, а на мое барање, тоа го потврдил и во разговор со министерот Спасовски. Морам да кажам дека соодветната служба на МВР многу брзо и крајно коректно состави служена белешка за настанот (што ја потпишав), која е проследена до Јавното обвинителство.

За жал, до овој момент немам никакво известување дали Јавното обвинитеоство постапувало по службената белешка и дали некој извршил какви било дејства да се истражи случајот. Сметам дека како засегнат, имам право да бидам известен за тоа.

Затоа, очекувам најдоцна до среда, 20 ноември, до пладне, Јавното обвинитеоство да ја извести јавноста што се случува во врска со оваа службена белешка и дали по негов налог истражните органи го расветлуваат случајот. Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден, со напис на порталот Плусинфо, јас лично детално да ја информирам јавноста за настанот“, напиша Героски.

Според информациите на МКД.мк се работи за следење од страна на поединци од единица на МВР и на вработен од кабинетот на министерот кој сведочел за овој немил настан. Освен следење, биле применети апарати и за аудио и видео записи.

 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе