Гаши сведок на судењето за обвинетите организатори за настаните од 27 април

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, продолжува судењето за обвинетите за организирањето на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Пратеникот Африм Гаши, како сведок повикан од одбраната, рече дека бил координатор на пратеничката група Беса и учествувал на координативниот состанок пред конститутивната седница.

„На 27 април преку ден бев во Собранието и попладне не можев да присуствувам, но знам дека собиравме потписи за продолжување на конститутивната седница во петок“, рече Гаши.

Прашан дали спикерот Трајко Вељановски ускратил нечие право на збор, Гаши рече дека тој се држел до Деловникот на Собранието.

Во однос на пеењето на пратеникот Зеќирија Ибраими, Гаши рече дека никогаш не се зборувало за такво нешто.

Следен е сведокот Сања Угриновска Спасеновска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе