Од недела тој е слободен граѓанин

Бајрам дома ја издржа затворската казна за тепањето на келнерот и кршењето чаши

Габриел Бајрам советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам, од недела е слободен граѓанин. На 29 октомври годинава му истекува издржувањето на затворската казна од 3 месеци за насилство. Бајрам призна вина за тепањето на шанкерот и кршењето на инвентарот во угостителскиот објект Аквадукт на булеварот „Словенија" во Скопје. Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повреди еден од вработените и го кршеше инвентарот во објектот.

Бајрам беше во притвор во Истражниот затвор во Шутка, а останатиот дел го издржа во куќен притвор во неговиот дом. Додека беше во куќен притвор доби дозвола да излезе за семејна веселба, односно за свадбата на неговиот син. 

Во изречената казна од 3 месеци за насилство му се засметува и времето поминато во притвор и куќен притвор, што значи дека ако второстепениот, односно Апелацискиот суд не направи измени во одлуката, казната тој ја издржал дома.

„Лицето за кое прашувате е во притвор па потоа и куќен притвор, по предлог на Основното јавно обвинителство од 29.07.2022 година, се до правосилност на пресудата но не подолго од 29.10.2022 година. Исто како и што претходно ги информиравме медиумите кои се интересираа на темата, на тогаш обвинетото лице му беше издадена дозвола за времено одалечување од местото каде ја отслужува мерката куќен притвор од семејни причини“, стои во одговорот испратен од Основниот кривичен суд Скопје до МКД.мк. 

Бајрам, советникот во Град Скопје ќе остане да работи на истото работно место. Неговата казна од 3 месеци затвор за насилство нема да влијае на отстранување од советничкото место, бидејќи Законот за локална самоуправа предвидува престанок на функцијата само ако затворската казна е над 6 месеци.

Според член 46 од Законот за локална самоуправа , на член на советот му престанува мандатот ако е осуден на правосилна судска пресуда за кривично дела на казна затвор во траење од над 6 месеци.

 За Бајрам се води постапка и за кражбата на струја во ГТЦ, за која тој пред неколку месец беше со полициска придружба донесен во станица на распит. 

Бајрам неколку пати бил повикуван во полициска станица, му биле испраќани покани, но не се појавувал пред службените лица. По ова по него бил распишан централен распис и на 30 јуни, годинава бил приведен и спроведен во полициска станица на службен разговор. Оваа постапка е во тек.

Во декември, лани Обвинителството и МВР изјавија дека никој не пријавил сомнеж за кражба на струја и дека за настанот во Градскиот трговски центар нема сомнеж за кривично дело. Тогаш Обвинителството ни одговори дека чека сопствениците на дуќаните во Градскиот трговски центар да пријават дека се оштетени во висината на сметките за струја, за да може обвинителите да постапуваат.

Обвинителството за овој предмет против Бајрам постапува по, како што велат известување за настан добиено од МВР.

Во полициска станица биле повикани и извршени се службени разговори и со надлежните во ЕВН и Градскиот трговски центар Скопје, а се вршеле службени разговори и со други лица.

Од МВР неодамна не известија дека по комплетирање на целокупниот материјал ќе биде доставено известување до Основното јавно обвинителство Скопје за преземените мерки.

К.Д.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе