Габриел Бајрам доби уште 30 дена притвор

Габриел Бајрам на истекот на осумдневниот притвор доби нови 30 дена притвор и останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела.

Судија од скопскиот Кривичен суд оценил дека има реална опасност Бајрам да се даде во бегство и да биде недостапен за органите.

На Бајрам му е поднесена кривична пријава по брза постапка и му е одреден притвор откако минатата недела повредил шанкер и кршел инвентар во ресторан на булеварот „Словенија“ во Скопје, откако тој одбил да им даде чинии за кршење на гостите на роденденска забава.

За насилството се гони и синот на Габриел Бајрам.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе