Истрагата продолжува

Фросина Ременски утре на распит пред Русковска за „Рекет“

Во текот на истражната постапка за „Рекет“ утре во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупација на распит е повиката и пратеничката Фросина Ременски, дознава МКД.мк. Деновиве на распит пред обвинителката Вилма Русковска беа повикани и бизнисмени, а вчера исказ даваше и водителката Лила Филиповска, која е блиска пријателка на Боки 13. 

Ременски е почесна претседателка на Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски Боки 13.

Името на Фросина Ременски често се споменуваше во јавноста, по што таа на Фејсбук рече дека нема ништо против Обвинителството да испита каква е нејзината вмешаност во Меѓународниот сојуз. 

„Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во нeвладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам сѐ што ги интересира, или за сѐ што имаат дилема. Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет" е очајнички обид на „државнички поставената опозиција" да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни", напиша Фросина Ременски на својот профил на Фејсбук пред еден месец.

Во истрагата за „Рекет" засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе