Пратеничката на распит во судот

Фросина Ременски не чувствува вина за „Рекет“

Пратеничката Фросина Ременски која е опфатена со новата истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, денес се појави во судот пред судија на претходна постапка. Ременски по излегување од судот рече дека не чувствува вина за случајот, ќе соработува со обвинителството за негово целосно расчистување, но дека нема намера да поднесе оставка од функциите сѐ додека не се докаже нејзината вина.

„За улогата во Меѓународен сојуз веќе дадов одговор и немам намера да се повторувам. Преголемото прејудицирање на инволвираност на политичари од страна на пристрасни медиуми во изминатиот период без при тоа од мене како прозивано лице да се побара од медиум, кој било, информација и изјава, јас го чувствував и го чувствувам како лицитирање за некаква инволвираност и вклучување на политичар во целиот процес и затоа ќе се воздржам од сите коментари кои се однесуваат и во делот на етиката на известувањето на новинарите по однос на мојата улога или било што поврзано во изјавите во медиумите со мене, затоа што одговорно тврдам со исклучок на дел професионални медиуми, многу од медиумите не ги почитуваа основните етички правилa на известување во новинарството. Се прејудицираше вина, се ставаа на товар работи кои што немаат никаква допирна точка ниту доказ поврзани со ова што гледаме денеска и затоа мислам дека ќе биди прилично несимпатично јас сега да ви се правдам за некои информации кои вие претходно сте ги прејудицирале во јавноста“, рече Ременски по излегување од пред судијата на претходна постапка. 

Во Судот денеска треба да се јават уште неколку лица осомничени во проширената постапка за овој случај.

Случајот „Рекет" доби нов тек откако истрагата се прошири на уште четири лица, а синоќа на потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, по приведувањето во Кривичниот суд, и беше одреден куќен притвор. Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во проширената истрага за овој случај.

Обвинителката Вилма Русковска, која е надлежна за овој случај, синоќа изјави дека кај тројцата осомничени во проширената истрага бил издаден налог за претрес.

Се очекува денеска да биде поднесено и обвинението за првиот дел од истрагата. Русовска, синоќа изјави дека има „битни докази" за обвинението. Таа посочи и дека еден од осомничените побарал спогодба за првиот дел од истрагата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама" и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело".

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, се подвлекува во соопштението, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Во „Рекет" првоосомничен е Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело. Второосомничен, за трговија со влијание, е Зоран Милевски-Кичеец, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски е во домашен притвор.

Јовановски требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.

Исказ во Обвинителството нема да дава ниту Катица Јанева. 

Фото: Роберт Атанасовски 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе