За случајот „Рекет”

Фросина Ременски и таткото на Боки 13, Миле Јовановски останаа без пасоши, еднаш неделно ќе се јавуваат во суд

Пратеничка Фросина Ременски и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, и двајцата осомничени во случајот „Рекет” останаа без пасоши, имаат забрана да го напуштаат Скопје и обврска секоја недела да се јавуваат во суд. Ова се мерките на претпазливост кои беа одредени на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. 

„Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените Ф.Т.Р. и М.Ј. им определи мерки согласно член  146 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно, забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во судот и привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница, додека за Х.Б. мерка за претпазливост согласно член 146 ст.1 т.3 – привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница”, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Против овие решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе