И Обвинителството не било известено од надлежните

Управата за финансиско разузнавање изгубена во одговорите за криминалот на „Тотобо“: Moже имаме информација, може постапуваме...

Наместо конкретно да одговори кои чекори се преземени во врска со 55 милиони евра, пари кои криминалната банда „Тотобо" ги заработила со илегално обложување во Турција, Германија и Македонија, Управата за финансиско разузнавање и објасни на редакцијата на МКД.мк на кој начин работи според законските надлежности. Во одговорот испратен до нашата редакција во врска со криминалот на бандата „Тотобо", со кој постои сомнеж дека биле заработени големи пари, а истите преку криптовалути завршиле во Македонија, ни беше појаснето дека „секоја информација и податок по кој постапувала, го имала, го има или ќе го добие Управата, истиот бил, е и ќе биде навремено доставен и споделен со надлежните органи на домашно и меѓународна ниво".

„Во врска со наведените медиумски написи за полициска акција на Турските власти и Вашето прашање за тоа дали македонските власти постапуваат и што превземаат по наведениот случај, Ве известуваме за следното: Управата за финансиско разузнавање во рамките на своите законски надлежности утврдени со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам постапува по сите случаи за кои постојат сомнентија за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, предикативните кривични дела и финансирање на тероризам, врз основа на податоците и информациите кои ги добива и обезбедува од субјектите (финансиски и нефинансиски институции) задолжени да превземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам дефинирани во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, надлежните органи и Единиците за финансиско разузнавање на други држави. За таа цел Управата обезбедува податоци и информации од субјектите и државните орани и доколку од анализата се утврдат сомевања за сторено кривично дело истите ги доставува до соодветните надлежни органи. Во рамките на меѓународната соработка Управата бара, доставува и разменува податоци и информации со Единиците за финансиско разузнавање на другите држави, меѓу кои и со Р. Турција. И во врска со наведениот случај секоја информација и податок по кој постапувала, го имала, го има или ќе го добие Управата, истиот бил, е и ќе биде навремено доставен и споделен со надлежните органи на домашно и меѓународна ниво", стои во одговорот од Управата за финансиско разузнавање.

Јавното обвинителство не знае за овој случај, бидејќи како што велат од таму до овој момент до Јавното обвинителство не е пристигнато известување од надлежни органи или барање поврзано со акцијата во Република Турција".

Една милијарда турски лири (55 милиони евра) е проценетата вредност на криминалот на бандата „Тотобо" која своите операции со илегално обложување ги вршела во Турција, Германија и Македонија. По 8-месечно следење полицијата од Истанбул приведе 59 членови на бандата и нејзините водачи.

Операцијата продолжува, соопшти турската полиција која вели дека се работи за една од најголемите операции во сузбивање на нелегалното обложување. Екипите на истанбулската полиција од одделот за кибернетски криминал  извршиле координирани операции во 8 градови. Приведен бил и водачот на бандата Озкан Г.

По следењето на сметките на членовите на бандата утврдено било дека за период од околу една година оствариле промет од 1 милијарда лири кои биле испратени во странство. Парите преку криптовалути биле префрлени во Македонија.

Турската полиција се сомнеав дека дел од овие пари завршувале и кај членови на терористичка организација.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе