По денешното рочиште

Фетаи за ТВ 21: Моите предмети се чисти, не ги давам

Секој предмет на којшто работев е чист и во ниту еден момент не може да се смета дека е вмешан во нешто криминално или сомнително. Ниеден од предметите за кои се борев три и пол години или повеќе не го давам и ќе се борам до крај, изјави за ТВ 21 Фатиме Фетаи, обвинителка на Специјалното јавно обвинителство, по завршувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник 3“.

На новинарско прашање дали таа продолжува да работи под овластувањата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Фетаи одговори – апсолутно, таа сѐ уште е главна обвинителка во СЈО.

Фетаи не одговори на прашањето дали се дистанцира од Катица Јанева.

Одбраната во случајот „Титаник 3“, адвокатот Еленко Миланов, денеска поднесе барање за изземање на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски поради „последните случувања во СЈО“. Јанева со решение го одби барањето за изземање на Фетаи и Бубевски.

Судечкиот совет и за барањето за изземање на Јанева цени дека не може да претставува пречка за процесот, поради самостојноста на СЈО утврдено со посебен закон, како и одредбата од ЗКП за изземање на јавни обвинители.

Судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година, каде обвинети се тогашните членови на општинската изборна комисија во Чаир Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, „Титаник 3“ продолжува на 26 август.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе