Фетаи побара затвор за Мијалков и останатите обвинети во „Титаник 2“

Осудителни пресуди за сите обвинети во предметот на СЈО „Титаник 2" за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, побара денеска во завршните зборови обвинителката Фатиме Фетаи.

Сосема оправдано можеме да очекуваме осудителна пресуда поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, изјави Фетаи.

Таа побара затворска казна за сите обвинети и судот да ги земе предвид и отежнителните и олеснителните околности.

„Материјалната штета е законско обележје и таа не е суштината на овој предмет. Овде се работи за атак на изборниот систем, настапило развлекување на изборниот процес“, истакна Фетаи.

Според СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги искористил  своите реални влијание и моќ и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година. Предмет на обвинение е само едно од избирачките места каде бил усвоен приговор и гласањето било поништено и покрај тоа што немало повеќе гласачки ливчиња во кутијата од бројот на граѓани кои гласале. За останатите две гласачки места, иако неправилно е поништено гласањето, сепак, како што рече обвинителката, успеале да се снајдат за да не се гонат кривично.

Поништувањето на гласањето, според Фетаи, е егзактна пресметка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку е потребно за нивниот кандидат да може да оди во втор круг, додека Тачи иако немал законско право го убедил Бедретин Ибраими да го промени своето мислење и да гласа за приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат појасни Фетаи членовите на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ требало да гласаат за приговори на ДПА за Чаир.

Другите обвинети членови на ДИК, според СЈО, ги злоупотребиле службената положба, не биле во функција на на Изборниот законик туку на партиските интересни.

Штета предизвикана врз буџетот со прегласувањето на тоа избирачко место е проценета на 26.011 денари иако првично беше проценета на околу 146.000 денари.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе