За писмото на Јанева за предметите на СЈО

Фетаи: Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или Костадинка, битно е да има одговорност (ВИДЕО)

Не е важно кој ќе гони, важно е секој кој се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата кои што ги имал преземено, изјави изутринава специјалната обвинителка, Фатиме Фетаи, одговарајќи на новинарско прашање, дали би прифатиле предметите на СЈО да ги преземе Основното јавно обвинителство.

„Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни настани. Треба сепак да ја гледаме онаа поголемата слика и повисоката цел. Тоа е во моментот да изнајдеме начин да не дозволиме, односно да спречиме тие што се огрешиле пред законот да не одговараат.

Сметам дека крајната одлука, каква и да е, во однос на судбината на нашите предмети, односно независно од тоа дали ќе биде одлуката дека ние ќе продолжиме да ги застапуваме тие предмети или пак, други обвинители, сепак таа одлука би била подобра од кое било друго решение кое што го посакуваат одредени политичари во моментот, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение кое што ќе значи целосно или делумно одбегнување на кривичната одговорност. Со други зборови не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја друга трета Костадинка, туку е битно кој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата кои што ги имал преземено“, изјави Фетаи пред новинарите пред почетокот на рочиштето за „Монструм“ во Кривичниот суд.

К.Д.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе