СЈО реагира на темпото на доказите на одбраната

Фетаи на „Монструм“: Може да сослушаме и по 15 сведоци на ден, а не вака со неколку

Судењето за петкратното убиство кај Смилковското езеро денес продолжи со доказна постапка. На рочиштето повикани беа 4  сведоци на одбраната. На оваа бројка реагираше обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи со укажување дека на рочиште би можело да се сослушаат и до 15 сведоци и да се обезбеди поефикасно и навремено завршување на постапката за „Монструм“.

СЈО реагираше  и на фактот што адвокатите на обвинетите наместо да повикаат сведоци кои биле сослушани во првата постапка, повикале и нови сведоци. За новоповиканите сведоци потребно е претходно да се произнесат и СЈО и судот.

Прв на пултот за сведоци застана дуќанџија кој замоли да биде сослушан што побргу, бидејќи, како што рече, го затворил дуќанот за да дојде да биде сведок. Но, по реакцијата на СЈО дека не може тој да биде сослушан во листата на веќе сослушани сведоци, беше вратен. На денешното рочиште ќе бидат сослушани само 2 сведоци на одбраната. Роднините на убиените момчиња и на рибарот од Црешево денес не се присутни во судница, а не беа ниту на минатото рочиште. Во тек е сведочењето на  земјоделец кој работел на нива кај Смилковското езеро на денот на убиството во 2012 година.  На претходно рочиште на 6 мај се сослушуваа сведоци. Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

К.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе