Јовески нема да дозволи да се одложуваат постапките

Фетаи и Бубевски ќе продолжат да го застапуваат „Монструм“

Обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи ќе продолжат да го застапуваат обвинението за случајот "Монструм", кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковските езера, неофицијално дознава МКД.мк. Според нашите информации за рочиштето кое е закажано за утре, обвинители ќе останат Фетаи и Бубевски, а со тоа нема да се дозволи судењето да се одложува поради обвинителите.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески кој претходно нагласи дека нема да дозволи предметите да се одолговлекуваат, треба и официјално да донесе одлука дали Фетаи и Бубевски кои во СЈО се вратени во Основното јавно обвинителство во Скопје ќе останат да постапуваат по овој предмет.

Одлука треба да се донесе и за останатите предмети на СЈО кои ги презема ЈО. 

Овој случај претходно го водеше обвинителката Гордана Гешковска, а потоа предметот од Обвинителството беше предаден на СЈО, за сега повторно да се врати назад.

На минатото рочиште судијата Огнен Ставрев појасни дека во „бомбите“ во случајот „Монструм" има и интимни и приватни разговори. Тој рече дека ќе треба да се направи селекција на разговорите, односно точно да се знае во кој дел од разговорите јавноста треба да биде исклучена.

Во доказниот материјал за петкратното убиство има вкупно 38.000 прислушувани разговори и СМС-пораки. Во содржината на разговорите имало и вулгарности, а неизвесно е дали до утре, за кога е закажано следното рочиште, ќе биде направена селекција, односно ќе бидат обележани деловите од разговорите кои јавноста не треба да ги чуе.

Токму бомбите, односно прислушуваните разговори беа новите докази поради кои овој предмет од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал беше предаден во рацете на СЈО. На овие докази чека целата јавност, а и родителите на убиените момчиња. Сведок во оваа постапка треба да биде и премиерот Зоран Заев, кој ги предаде прислушуваните разговори во СЈО.

К.Д.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе