Тривијално прашање или злоупотреба на функција

Фатиме Фетаи за Палермо летнала на 22 март, а платила на 28 март

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка.

Присуството во авионот за чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Италија во Палермо (24 март) на неколкумина актуелни и поранешни функционери отвори бројни морални прашања. Откако се објави фотографијата како од ложата за ВИП гости од стадионот во Палермо навиваат вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, Никола Тупанчески, министерот за правда и Лазар Нанев, претседател на Општинскиот суд во Кавадарци се постави прашањето на чиј трошок биле таму. МКД.мк објави дека во авионот со македонските репрезентативци патувале и Рамиз Меко, градоначалникот на Струга, Никола Бакрачевски, поранешен градоначалник на Охрид и член на Етичкиот одбор на ФФМ и Владо Бучковски, поранешен македонски премиер, со двајцата синови.

Прв со одговор се јави министерот Тупанчески кој за неколку медиуми изјави дека се работи за тривијално прашање и дека во Палермо бил на сопствен трошок. Со истиот одговор потоа се јавија и Фетаи и Нанев. Тројцата ветија дека ќе ги објават и уплатниците. Тоа вчера го направи само Фетаи, која е веќе во Порто за денешниот натпревар на македонската репрезентација со Португалија. На уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ таа уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари. Ама датумот на двете уплатници е 28 март, неколку дена откако во јавноста се отвори прашањето за тоа на чиј трошок патувале актуелните функционери. За Палермо се леташе на 22 март, а за Порто на 26 март.

Освен тоа ФФМ објави дека авионот бил платен од федерацијата, а билетите за ВИП ложата на стадионот во Палермо биле гратис.   

Министерот Тупанчески вечерва нема да биде на стадионот во Порто, за разлика од Фетаи и Нанев, а немаме информации за тоа дали и овој пат бесплатен лет и билети добиле и Мерко, Бакрачески и Бучковски.

Во Етичкиот кодекс на Владата, промовиран од актуелната владина коалиција пишува (член 17): „Носителите на извршните функции при вршењето функции и должности не можат да примаат подароци, освен во случаите во износ и на начин утврдени со Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост…. Носителите на извршни функции не смеат да бараат, примаат односно да дозволат друго лице во нивно име и за нивна корист да дава или прима подарок, услуга или каква било друга вредност, помош или друга корист во врска со вршењето на функцијата, односно должноста, а која би можела да има влијание или на кој било начин да ги стави во несоодветна подреденост или обврска“.

За овој случај имаше реакција и од Државната комисија за спречување на корупцијата кои побараа одговор за тоа дали функционерите биле на државен трошок во Палермо за да го следат натпреварот меѓу Македонија и Италија.

А.Д.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе