Во Хамбург, Германија

Фатен Јетон Љужа осомничениот за убиството на Саздовски

Деветнаесет годишниот Јетон Љужа кој е третоосомничен за убиство на Никола Саздовски – Саздо и по кого беше распишана потерница е фатен вчера во Хамбург, Германија, потврдуваат од МВР. Детали околу тоа каде се криел Љужа, кај кого престојувал, што работел.. за сега не се откриваат.

Германската полиција ги известила македонските надлежни органи дека лицето за кое беше распишана меѓународна потерница како осомничен за убиството на Саздо е фатено и е приведено.

По ова МВР треба да го извести Основниот кривичен суд во Скопје каде траеше постапката за убиството на момчето кое беше брутално претепано во Автокоманда, а по десет дена во кома, Саздо им подлегна на повредите во болница,

Судот треба да испрати известување до македонското Министерство за правда од каде потоа треба до земјата во која е фатен, да ги испратат доказите за обвинението за кое се гони бегалецот и да започне постапка за екстрадиција.

Обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири за ова дело се осудени на по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски-Саздо.

Судот, исто така ги задолжи двајцата обвинети да му исплатат на оштетеното семејство Саздовски надомест од околу 10 милиони денари. Случајот почна на 9 ноември минатата година и го водеше судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

Судење ќе има и за бегалецот, но откако ќе заврши и постапката за екстрадиција и тој биде донесен во државава пред македонските правосудни органи.

К.Д.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе