Европратеници бараат мониторинг за случајот Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопје

Четворица пратеници на Европскиот парламент покренуваат прашања до Европската комисија во врска со незаконскиот притвор на Јордан Камчев и континуираното кршење на неговите основни човекови права.

Прашањата кои тие ги покренуваат до Европската комисија се однесуваат на тоа како Европската комисија планира да ја насочи поддршката на Европската Унија за Македонија при постоење контиунирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност.

Европратениците поставуваат конкретни прашања пред Европската комисија за случајот Јордан Камчев кој е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, но е притворен под животно загрозувачки услови и покрај тоа што боледува од вродена срцева болест.

Според нив, постапката укажува на незаконски контекст (жалба за белешка од тајната служба, потенцијално пристрасен одговорен обвинител, осум продолжувања на 30-дневен притвор, злоупотреба на фотографии од притворениот на неодамнешните избори од страна на владејачката партија...). Дополнително, неразбирлива е и одлуката покрај независните медицински препораки властите да одбијат да го преместат притвореникот во домашен притвор.

Европратениците потсетуваат и на пресудата на Европскиот суд за човекови права против Македонија за докажана мотивирана полициска бруталност во случајот со Фатмир Мемедов.

Од Европската комисија овие четворица пратеници бараат мониторинг на случајот против Јордан Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопје и бараат конкретни одговори на прашањата во однос на тоа како Комисијата планира да ја насочи поддршката на ЕУ за Македонија со цел да се елиминира повторно кршење на човековите права?

Прашуваат на кој начин Комисијата ќе поддржи унапредување на полициските методи во Македонија со оглед на доказите за расистички мотивирана полициска бруталност.

Дали Комисијата ќе ја следи постапката на г-дин Камчев од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и ќе ги повика властите во Северна Македонија целосно да ја почитуваат Европската конвенција за човекови права, прашуваат европратениците Иван Штефанец, Перниле Вејс, Петер Полак и Карен Мелчиор.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе