Македонија загуби судски спор во Стразбур

ЕСЧП ја заштити приватноста на лицата кои се лекуваат од зависности

Со најновата пресуда на Европскиот суд за човекови права против Македонија (ЕСЧП), донесена на 22 овој месец, е утврдено дека државата го прекршила правото на приватност на две лица со откривање на нивните медицински податоци на полицијата, која без законски основ направила увид во документацијата на тие лица кои биле на метадонска терапија.

Со најновата пресуда на Европскиот суд за човекови права против Македонија (ЕСЧП), донесена на 22 овој месец, е утврдено дека државата го прекршила правото на приватност на две лица со откривање на нивните медицински податоци на полицијата, која без законски основ направила увид во документацијата на тие лица кои биле на метадонска терапија.

Пресудата се однесува на случај од 2010 година, кога по пријава за недостаток на количини на метадон во програмата за третман на зависност со метадон во Струмица, полициски службеници влегле во болницата и без законски основ направиле увид во медицинските податоци на пациентите кои биле на третман. Документите што им биле достапни на полициските службеници содржеле имиња и презимиња на сите пациенти кои примиле метадонска терапија на конкретни датуми и количината на метадон што тие ја примиле. Противзаконски добиените податоци полицијата ги злоупотребила за дополнително да ги вознемирува оштетените со искористување на лични и интимни податоци од нивните медицински досиеја, се наведува во соопштението на Коалиција Маргини и ХОПС - Опции за здрав живот Скопје .

Шест лица поведоа постапка против болницата и локалната полиција за заштита на нивното право на приватност пред домашните судови, но Основниот суд во Струмица и Апелациониот Суд во Штип утврдија дека не постои повреда на правата на оштетените. Двајца од нив правдата продолжија да ја бараат во Стразбур и по десет години од настанот ЕСЧП утврди повреда на нивните права.

ЕСЧП смета дека полицијата имала други начини како да ги испита наводите за недостаток на метадон, а судовите не успеале да направат баланс помеѓу заштитата на правото на пациентите наспроти правото на полицијата да има пристап до сензитивни медицински податоци без судска наредба.

Коалиција Маргини и Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија од 2010 година обезбедуваат правна помош за оштетените кои по донесувањето на оваа одлука имаат можност да бараат повторување на постапката пред домашните судови.

Во соопштението се потсетува дека по пресудата „Чиповски и Трајковски" против Македонија ова е втор случај оваа година во кој ЕСЧП утврдува повреда на правото на приватност што укажува на системската повреда на правата на луѓето кои употребуваат дроги.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе