„Точните причини зошто сум бил следен не ги знам, но може да претставувам дека локалната самоуправа во Карпош, во тоа време беше единствена власт од опозицијата. Со нив јас сум имал службен контакт, согласно работните задачи. Јас исто така бев дел од обезбедувањето на рушењето на „Космос" на тоа се сомневам, не дека специфично знам за што сум бил прислушуван“, рече сведокот.
Тој воедно посочи дека со полицијата е поврзан скоро четврт век.
„Ни денар се сум зел од службата, или нешто друго. Во овој случај сум длабоко навреден. Побарувам оштетно побарување, барам 20 илјади евра во денарска противредност“, потенцираше сведокот.
Судењето за овој случај го води кривичниот совет предводен од судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ.
Додека обвинението го застапуваат обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.