Уште една пресуда по признание на вина

Една година и седум месеци затвор за обвинет во „Двојник“

Една година и седум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања доби обвинетиот од МВР што призна вина на денешното рочиште за случајот „Двојник“ со издавањето фалсификувани пасоши преку системот. Заедно со првостепената пресуда тој доби и забрана за вршење дејност во период од 10 години. 

Обвинетиот Шемседин Јашари е шестиот вработен во МВР кој призна вина за делото, откака на минатото рочиште вина признаа четворица негови колеги и еден „поттикнувач“.

Обвинетите Денис Баруфи, Ален Личина, Ѓорѓе Велков, Фарук Биља и Раиф Мифтари, пред два дена пред судот рекоа дека се чувствува виновни за делото и доброволно ја признаваат вината. 

Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување.

Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.

 

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе