Документите од истрагата не излегле од ОЈО

Еден од осомничените во „Рекет“ побарал да се спогоди со Русковска

Обвинителката Вилма Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција вечерва за медиумите изјави дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет" се понудил да се спогоди и да сведочи, но тоа не се случило. Обвинителката Русковска рече дека документите од истрагата за „Рекет" кои протекоа во јавноста, не се излезени од Обвинителството.

„Одговорно тврдам дека документите објавени од истрагата за Рекет не се излезени од Обвинителството. Може да се види дека оние документи кои протекоа се копии, а во Обвинителството ги има само оргиналите. Обвинителството доставува копии до Судот“, рече Русковска.

Вечерва на распит беше и Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Јовановски.

За неа Рускоска потврди дека е побаран притвор, а утре судијата во претходна постапка ќе одлучи дали се прифаќа барањето на обвинителството.

„Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. За осомничената Јасна Мандиќ побарав судија на претходна постапка да и одреди притвор“, изјави обвинителката Русковска.

Таа изјави дека ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поседува доволно докази за сите осомничени.

Посебни мерки за одземање на пасошот, забрана за напуштање на престојувалиште, односно на градот Скопје, и пријавување во судот се побарани од судот за пратеничката Фросина Ременски, таткото на Јовановски и секретарката од Меѓународниот сојуз.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе