Еден месец притвор за шесте осомничени во акцијата кај Прилеп

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на сите шест осомничени кои беа спроведни во судот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена врз основа на сите три точки – „опасност од бегство", „влијание врз сведоци" и „можност за повторување на делото".

Потврдуваат од Основниот кривичен суд – Скопје и посочија дека притворот на лицата им е одреден вчера вечер.

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава за организирана криминална група, против Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори".

Според МВР, кривичната пријава за организираната група била резултат на повеќемесечна истрага во која поддршка дала и Американската служба за борба против дрога – ДЕА по која следувала акцијата во која беше запленета поголема количина дрога во вредност од над 800 илјади евра. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе