Претседателот на судот за доверливиот документ

Џолев тврди дека записникот од исказот на Камчев за „Рекет“ не е излезен од судот

Записникот од сослушувањето на Орце Камчев  за случајот „Рекет“ не е излезен од Основниот суд Скопје 1, тврди претседателот на судот Иван Џолев. Тој дополни дека во меѓувреме преземале дополнителни мерки за претпазливост при доставувањето на списите од предметите до другите надлежни институции. 

Џолев вели дека Основниот суд Скопје 1 не е надлежен да спроведува истраги за протечени документи, но извршени се разговори со повеќе лица и утврдено е дека документот не е излезен од судот.

За последната објавена информацијата во медиумите „за понудата за продажба на исказот на обвинетиот Зоран Милески - Кичеец во случајот „Рекет", од судот рекоа дека до нив не е пристигнато официјално известување.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе