На рочиштето за обвинетите за организирање на настаните од „27 април“

Џафери денес не сведочеше на суд, имал собраниски обврски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска не се појави во својство на сведок на судењето за обвинетите за организирање на настаните од 27 април 2017, година односно за упадот и насилствата во Парламентот. Џафери го известил Судот дека поради собраниски обврски, односно прием на делегација, би можел на рочиштето да пристигне околу 12 часот, на што од судот му било одговорено да дојде во својство на сведок на некое од наредните судења, бидејќи за денеска имале голем број сведоци.

Во овој случај, обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок се поранешниот собраниски спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе