Во првостепена постапка пред Кривичниот суд во Скопје

„Двојник“ заврши со вкупно 16 години затвор за 7 обвинети кои издавале пасоши со украден идентитет на криминалци

Судскиот случај „Двојник“ заврши со 16 години и 1 месец затвор за седум од вкупно единаесетмина обвинети. Со денешната пресудата за Фарук Буки (3 години затвор) и за Весна Колевска и Бранислава Шпишиќ (условни казни), во Кривичниот суд Скопје, заврши првостепената постапка за судскиот случајот „Двојник".

Во судската постапка иницирана од ОЈО Скопје, за издавање на патни исправи со лажен идентитет казна затвор им беше изречена и на Денис Баруфи (2 години и 7 месеци), Ален Личина (2 години и 3 месеци), Раиф Мифтари (2 години и 3 месеци), Ѓорѓе Велков (2 години), Оливера Софрониева (2 години и 5 месеци) и Шемседин Јашари (1 година и 7 месеци).

За разлика од обвинетите Буки, сите други обвинети при првите рочишта ја признаа вината за извршено кривично дело „злоупотреба на службена должност".

Судијката Оља Ристова, при изрекување на пресудите наведе дека со издавањето на лажните патни исправи е загрозен и интегритетот на системот на издавање патни исправи, а исто така, е нарушен интегритетот и безбедноста на државата.

Според Обвинителството, тие во период од јуни 2017 година, па до крајот на 2020 година, правеле лажни исправи со намера да се употребат како вистински. Како застапник на обвинението во овој случај беше јавната обвинителка Спасенка Андонова.

Воедно, по однос на прво степените пресудите обвинетите имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе