Судот го прифати предлогот на Обвинителството

Двајцата насилници од Штип кои тепаа девојка и се снимаа завршија во притвор

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство од Штип и на двајцата насилници кои се снимаа додека малтретираат девојка и определи мерка притвор. Информацијата на Фејсбук ја потврди и заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска. 

„Одредена е мерка притвор за двајцата насилници од кои вчера целата македонска јавност беше згрозена. Санкции мора да има“, напиша Петровска.

„Основното јавно обвинителство во Штип денеска поднесе Предлог за определување притвор за две лица, жители на Штип на возраст од 23 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата на оштетената и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата.

Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и постоењето на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени" соопштија денес од Обвинителството.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе