Во завршен збор

Дурловски до судиите: Зарем е потпалувачки говор пеењето на химната пред Собрание?

Игор Дурловски, единствениот обвинет од организаторите на „За заедничка Македонија“ кој не побара амнестија за настаните од 27 април завршниот збор денеска го искористи за да ѝ постави прашања на судијката Добрила Кацарска и, како што рече, да ја поттикне и неа и останатите членови на судечкиот совет добро да размислат пред да донесат пресуда за него.

Обвинетиот Дурловски пред судот праша дали е потпалувачки говор тоа што на 27 април ја пеел македонската химна и го повика судот ако најде каков било доказ против него да го осуди. Фактот што Дурловски не побарал амнестија како останатите тројца обвинети од „За заедничка Македонија“ кои беа ослободени Дурловски го оправда со тоа што бил сигурен дека против него нема докази, а не поради тоа што бил смел.

„Обвинителството вели сум држел потпалувачки говори и сум се коцкал со интересите на државата. Тој ден ја пеев химната пред Собрание и заминав на ракомет во салата ‘Јане Сандански‘. Кога видов што се случува во Собранието, се вратив. Ве молам да се запрашате кој е тој потпалувачки говор бидејќи јас ви тврдам дека таков говор нема. Ако за тоа што сум бил пред Собранието заслужувам казна, тогаш осудете ме. Кога ќе носите одлука за мене, запрашајте се врз основа на што обвинителството тврди дека сум се коцкал со интересите на државата од материјални побуди. Колку е одвратно некој да тврди дека ве плаќал за да протестирате. Ама еве запрашајте се, дури и да сум најнеморалната личност која ја плаќале да протестира, дали против мене постои еден единствен доказ дека сум преговарал да се случи насилство. Таков доказ, ви тврдам дека нема да најдете“, рече Дурловски во завршниот збор.

Тој го праша и судот зошто го нема и на првите страници на обвинителниот акт за настаните во Собранието и дополни дека тоа било затоа што само ја пеел химната. Дурловски повторно ги повика судиите ако најдат каков било доказ за него дека сторил терористичко загрозување на уставниот поредок, да го осудат.

„Верував и се уште верувам во кауза. Се плашам дека државата ми ја украде татковината. Иако сум првпат пред суд свесен сум за одговорноста која ја имате, ви се обраќам директно да ви кажам дека не сум криминалец кој заслужува да го затворите во затвор. Судот, во време кога сме поделени на наши и нивни, има обврска да докаже дека сме едно“, рече Дурловски, обраќајќи им се на судиите.

 К.Д.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе