Случај Рекет

Дуковски: Љубимир Јовески лаже кога вели дека Бојан Јовановски не барал средба со него

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за ТВ Алсат ги отфрли како шпекулации тврдењата дека Бојан Јовановски барал да го спроведат кај него за да сподели доверливи информации, посочувајќи дека досега тој му се обратил со писмен допис само еднаш, во кој се жалел на лошата здравствена состојба.

„Таква средба не барал. Бојан Јовановски сега е во судница и доколку сака, има факти или околности сите може да ги изнесе јавно и на судско рочиште“, вели Јовески.

На ова веднаш реагираше Сашо Дуковски, адвокат на Јовановски. Тој во писмена изјава до медиумите вели дека ноторна невистина се исказите на Јовески дека таква средба не била побарана.

„Не знам кому му оди во прилог, бидејќи јас како негов бранител го прочитав писмото пред тоа да биде испратено преку затворската управа. А законска должност е јавниот обвинител да го чуе секој факт кој може да води кон евентуално процесуирање од обвинителството“, се вели во соопштението на Дуковски, пренесе МИА.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјавата за Алсат ги повикува сите што имаат каков било доказ за „Рекет“ да го достават до обвинителството за да постапува.

„Обвинителството уште еднаш нагласува дека не располагаме со други податоци, за други имиња инволвирани во ‘Рекет’. Доколку некој друг располага нека ги достави до обвинителството за да постапува. Ги имаме предвид сите написи, но доколку некој посочи конкретен доказ, документ, ние сето тоа ќе го прибавиме и ќе постапуваме. Предметот се води неселективно“, рече Љубомир Јовески..

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе