Пред средбата со обвинителот

Дуковски: Добив повик и закана дека ако Боки зборува ќе биде убиен

Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“. Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.

Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Адвокатот рече дека тој не добил никаква закана.

За ова вечерва конференција за медиумите одржа и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред  Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заев? Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина? Преку телефон додека истиот е на суд со неговиот адвокат пред јавен обвинител од непознат број и со мутиран глас некој денеска му се закани на адвокатот со зборовите – Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите. Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред Јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник, но и во кривична пријава“, рече Стоилковски.

Бојан Јовановски, осуден за случајот „Рекет“, утрово на негово барање бил спроведен во Јавното обвинителство и имал средба со обвинител. Тој наводно поднел две пријави против неколку политичари и бизнисмени за повеќе кривичи дела како противзаконито посредување, изнуда, давање лажен исказ, измама, тортура… Кривичните пријави биле поврзани со предметите „Рекет” и „Меѓународен сојуз”. Најавено е дека Јовановски ќе поднесе и други кривични пријави на 3 јули.

К.Д.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе