Државниот завод за ревизија влегува во СЈО

Државниот завод за ревизија влегува во Специјалното јавното обвинителство. До ревизорите биле испратени неколку анонимни писма од обвинители и вработени во кои се жалат на начинот на кој се делеле предметите, но и надоместоците кои ги добивале обвинителите.

Контролата веќе била планирана како дел од тематската ревизија за годинава, да бидат проверени сите обвинителства, судови и правосудството, па не било проблем да се вметне и оваа контрола на СЈО, објави ТВ 24. Ревизорите се воздржани од давање детали што точно ќе бараат кај Специјалното обвинителство.

Сега не можеме да кажеме што ќе гледаме зашто се работи за тематска ревизија со различни теми. За тоа одлучуваат нашите ревизори по првичната анализа. Некаде ќе ги гледаме човечките ресурси, некаде финансискиот дел, некаде делење на предметите. И да ги видиме капацитетите на судство, правосудството, обвинителството и Народниот правобранител  – вели за ТВ 24, Насер Адеми, заменик државен ревизор.

Ревизорите деновиве со писмо ќе се најават во СЈО, како и кај сите други обвинителства, но се воздржани од тоа што може да ги очекува таму, со оглед на тоа што институцијата остана и без обвинители и без прв човек.

Не би сакала во моментов да прејудицирам. Ние ќе се најавиме и во СЈО на истиот начин како што предвидува нашата методологија. Јас верувам дека надлежните органи преземаат мерки и активности како што е оваа. Државниот завод за ревизија кога има потреба да врши определени дејствија во самото обвинителство – вели Цвета Ристовска, помошник на главниот државен ревизор.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе