Отворени околу 500 предмети

Државата чека милион евра од казни за непочитување полициски час и изолација

До почетокот на оваа недела во Кривичниот суд биле решени 447 од вкупно 471 предмет за 544 лица кои не го почитувале полицискиот час и мерките за изолација и самоизолација, но засега нема извршено ниту една пресуда, велат од Кривичниот суд.

Фото: Роберт Атанасовски

Според информациите што ги добивме од Судот, на сите тие 544 лица им е одредена казна од 2.000 евра и повеќе. До понеделникот поднесени биле 20 приговори на казните и за тие предмети се закажани судења, а за останатите сѐ уште течат законските рокови.

„Досега нема ниту една правосилна пресуда“, додаваат од Судот.

Инаку, според пресметките, доколку се реализираат сите предмети, отворени досега, излегува дека државата треба да добие над еден милион евра од изречените казни.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе