Додатоци за...

Долг е списокот на хонорарци од платниот список на Катица Јанева, полицајци, новинари, ќерки...

Освен обвинителите и вработените во Специјалното јавно обвинителство, на списокот хонорарни соработници се и голем број на државни службеници, нивни синови и ќерки, полицајци, новинари, експерти...

Еден од поголемите хонорари во период од последните четири години примил командантот на „Алфите“ Примислав Димовски - околу 40 илјади евра. На платниот список на СЈО бил и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски кој за три години . Во период од 3 години на неговата сметка на име хонорар од СЈО легнале околу 33.000 евра.

Од државните службеници интересно е и името на Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полција. За две години тој од СЈО добил нешто повеќе од 26.000 евра.

Три ќерки на државни службеници биле на хонорарната листа на СЈО. Берниса Рахиќ, ќерка на Есад Рахиќ (директор на затворот во Шутка) добила 20 илјади евра. Марија Василевска, ќерка на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, за две години од СЈО добила хонорар од 14.000 евра. И Катерина Тунџева, ќерката на директорот на Катастар Борис Тунџев.

На списокот е и ќерката на обвинителката во СЈО Елизабета Јосифоска. На сметката на Елена Јосифоска легнале 30.000 евра.

Новинарот Сашо Ордановски лани од СЈО добил 255.000 денари.

Сите овие податоци се достапни на платформата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии. Засега нема информации за основата на овие исплати.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ вчера за ТВ Алфа изјави дека она што тој и ВМРО-ДПМНЕ во минатото го зборувале сега излегло на виделина, односно како што рече тој се испоставило дека постои спрега помеѓу Зоран Заев, СДСМ и СЈО.

„Практично излегува на виделина она што ние цело време зборувавме, а тоа е дека постои спрега помеѓу Заев, СДСМ и СЈО, и дека СЈО немаше цел да го направи она за кое што беше формирано, а тоа е да открие кој прислушуваше и да го гони високиот криминал во државата, пред сѐ финансискиот криминал, туку имаше за цел да врши политички прогон кон политички неистомисленици, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ, да ги уценува оние кои што ќе прифатат уцена, а оние кои што нема да прифатат уцена, да одат по судови и затвори. Тоа беше улогата на СЈО“, вели Николоски кој ги повика Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство и невладините организации да бараат одговор за целокупната состојба за финансирањето на високите функционери.

А.Д.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе