Поднесено обвинение

Докторка ќе одговара за смртта на малиот Илче: Не го прегледала, го лекувала телефонски и го оставила да умре од дехидрираност

Лекарка од Јавната здравствена установа Специјалистички завод Демир Капија ќе одговара за смртта на малиот Илче. Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен предлог за тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик според кој може да добие затвор од најмногу 5 години. Момчето, кое имаше само 11 години, ненадејно почина на 5 октомври 2020 година.

Неподвижното дете, кое боледуваше од церебрална парализа, беше оставено прво од неговиот татко, па од неговата мајка. За да има достоинствен и подобар живот, беше сместен во семеен дом.

Истрагата за неговата ненадејна смрт траеше подолго време и на крај утврди дека детето починало од дехидрираност, која настанала како резултат на негрижа на лекарка.

Според Обвинителството, осомничената го оставила детето без инфузија и соодветна терапија и го лекувала телефонски без да го прегледа.

„Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

Таму, во периодот од 1.10 до 5.10.2020 година давала лекарска помош поради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа.

Меѓутоа, спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 5.10.2020 година настапила смрт“, велат од Обвинителството. 

Починатото момче беше згрижено во семеен дом еден месец пред да почине, откако беше пронајдено како целосно запуштено живее само, во исклучително лоши услови во Охрид.

Како што тогаш објавија дел медиуми, тој спиел на чергиче и не бил избањат цела година. Надлежните институции за случајот дознаа откако беа алармирани од сосетката, која ги слушнала неговите крици.

По ова мајката на Илче го загуби родителското право над него, а доби и кривична пријава поради пропусти во родителската грижа.

Тој потоа закрепнуваше за Клиниката за детски болести во Скопје, па беше згрижен во семеен дом, каде што, за жал, почина.

 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе